03.09.2020.
На барање на играчите на играта на среќа Лото 7, Државна лотарија го одмрзнува фондот за 7-ка. Со спроведување на оваа одлука, најголемата премија во нашата земја од денес веќе расте над 30 000 000 денари. Посакуваната 7-ка беше замрзаната од коло 43 заклучно со коло 70 чие извлекување се реализираше вчера, а се одмрзнува по реакциите на играчите со цел да се излезе во пресрет на нивните очекувања и барања.
За потсетување, досега се постигнати 23 седумки од кои најголемата беше близу 30 000 000 денари, овојпат ја очекуваме досега најголемата 7-ка во историјата на лото игрите приредувани од Државна лотарија.Ве поттикнуваме да не пропуштате учество во играта на среќа Лото 7 со премија над 30 000 000 денари или играта Џокер со премија над 2 000 000 денари. Вклучете се во игра со уплата на продажните места ширум нашата земја или уште поедноставно, со онлајн уплата преку веб страната www.loto.mk