Државна лотарија со поддршка за Првиот шампионат на ветерани на Македонија

14.08.2026.

Со особено задоволство ја поддржуваме работата и активностите на Шаховскиот клуб на ветерани, клуб кој со својата посветеност и љубов кон шахот придонесува за негување на спортскиот дух, дружењето и шаховската традиција.Неодамна, во Негорски бањи, беше одржан и Првиот шампионат на Македонија за категоријата S60. Овој шампионат претставува уште еден важен чекор во развојот и промоцијата на ветеранскиот шах во Македонија.За нас е чест што преку нашата поддршка можеме да бидеме дел од вакви настани и да придонесеме кон создавање можности за натпреварување, дружење и продолжување на шаховската традиција.
Им посакуваме на Шаховскиот клуб на ветерани уште многу успешни турнири, првенства и убави шаховски моменти.
Со поддршка на спортот, го поддржуваме духот на заедништвото и традицијата

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: