04.06.2026.
„Макси златна рипка“ повторно е дел од понудата на инстант лотаријата на Државна лотарија, со богат фонд на добивки и бројни можности за создавање нови добитни приказни. Инстант лозот нуди 10 премии по 1.000.000 денари, 15 добивки по 500.000 денари, 15 добивки по 100.000 денари, како и многу други парични добивки.
Приказната на овој популарен инстант лоз започнува во 2016 година под името „Златна рипка“, а во 2021 година прераснува во „Макси Златна рипка“ – со уште поголем фонд на добивки и уште повеќе причини за игра.
Она што го прави лозот „Макси златна рипка“ особено атрактивен за играчите, е можноста на еден лоз да се освојат и до три добивки, инспирирани од симболиката на златната рипка што исполнува три желби. Со својата препознатлива игра и бројните шанси за добивка, „Макси златна рипка“ продолжува да биде еден од омилените инстант лозови меѓу играчите.
Во изминатите години, овој инстант лоз израдува добитници од различни места низ државата, а ние сме во очекување на нови добитници и уште повеќе среќни приказни што ќе се паметат.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!