22.04.2026.
Стефан Младеновиќ од Скопје е добитник на 100 000 денари од инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија.
Добитникот, кој ни кажа дека за прв пат се одлучил да ја испроба среќата со инстант лотаријата, купил пет различни инстант лоза, меѓу кои и „Мега милионер“ кој му ја донел оваа среќна добивка. Тој вели дека ова за него е уште една потврда дека треба да се верува во среќата и дека се надева на нови добивки.
Добитниот инстант лоз е купен од продажното место „Габерци – трејд“ во Скопје.