17.02.2026.
Спиро Андонов од Кочани е најновиот среќен добитник на автомобил Ford Kuga од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Добитникот, кој го запознавме во просториите на Државна лотарија, ни кажа дека на среќниот ден купил вкупно три инстант лозови – два „Хороскоп“ и еден инстант лоз „Титаниум“, во кој се криела оваа добивка. Тој вели дека често купува инстант лозови и дека иако посакувал голема добивка, сепак е изненаден што токму тој ја освоил премијата од „Титаниум“.
Среќниот инстант лоз е купен од продажното место ТП Анафил во Кочани.