22.12.2025.
Ружа Калеска од Скопје е среќната добитничка на електричен мотор од инстант лозот „Урбан стил“ на Државна лотарија.
Таа освоила 7 инстант лозови „Урбан стил“ во емисијата „Фактор среќа“ со водителката Искра Канзурова, која се емитува секоја среда во 15:00 часот на Алфа ТВ, во соработка со Државна лотарија.
Ова било нејзино прво јавување во контактна емисија, а среќата веднаш застанала на нејзина страна затоа што во еден од седумте „Урбан стил“ лозови бил „паркиран“ електричен мотор.
Добитничката ни кажа дека е љубител на инстант лотаријата, но и дека често игра Лото и Џокер.
Приказната на Ружа е вистински доказ дека треба да и дадете шанса на среќата и да верувате дека токму вие може да бидете следниот добитник на некоја од премиите од игрите на среќа на Државна лотарија.