17.07.2025.
Македонската културна јавност имаше можност да ужива во гала концертот „Хармонија во три стила: класика, филм и корен“ на Вејчеслав Поповски, кој се одржа во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“, во Македонската Филхармонија. Концертот беше поддржан од Државна лотарија.
Вејчеслав Поповски е академски оперски пејач со диплома од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговата љубов кон музиката не се изразува само преку вокалната уметност, туку и преку ракотворството. Вејчеслав е и мајстор -изработувач на гудачки инструменти, кои ги создава со голема посветеност.
Концертот се издвои како спој на извонредна интерпретација и искрена поврзаност со пубиката, а беше збогатен со настапот на Acies Quartett кои се културни амбасадори на Австрија, Рихард Рикон - реномиран пијанист од Словачка и Елена Васова - сопран.
Присуството на врвни инструменталисти, заедно со инструментите изработени лично од Вејчеслав Поповски, го трансформираа концертот во автентично и незаборавно музичко патување, каде секој звук носеше своја приказна.
Државна лотарија како општествено одговорна компанија континуирано инвестира во поддршка на културни настани и проекти со значење за заедницата.