04.07.2025.
Подгответе се за возбудливо патување по скалата на знаењето!
Чекор по чекор - до 7 НЕБО!
Патувај со нас низ историјата на Државна лотарија – од првиот инстант лоз, до денешните игри на среќа. Ова не е само квиз, туку времеплов, шоу и натпревар со вредни награди! Седмо небо – каде знаењето и среќата се сретнуваат на едно место.
Во првата епизода на квизот Седмо небо ќе видиме кој ќе мери време на модерен рачен часовник, кој ќе игра шах, кој ќе вози велосипед, а кого музиката од преубавиот безжичен звучник ќе го носи на седмо небо.
Со прашања кои ве водат низ историјатот на Државна лотарија, интересни податоци ќе ви откријат: Лидија од Велес, Игор од Куманово, Биљана од Гостивар и Нури од Скопје.
Ви пренесуваме дел од убавата атмосфера исполнета со насмеани лица, точни одговори и вредни награди.
Низ патувањето ќе не водат познатиот актер Дејан Лилиќ и радиоводителот Виктор Петров -Викса.
Премиерната епизода на квизот 7 НЕБО ќе се емитува во недела, 22:30 часот, на Канал 5 телевизија.