03.07.2025.
Со задоволство ви го најавуваме почетокот на квизот „Седмо небо” на Државна лотарија, на 6.7.2025 (недела) во 22:30 часот на Канал 5 телевизија. Квизот има 16 епизоди и во него учествуваат натпреварувачи коишто се пријавија преку наменски отворената платформа www.7nebo-loto.mk.
Водител на квизот е познатиот актер Дејан Лилиќ, кој преку прашањата ќе ве воведе во светот на занимливости за Државна лотарија. Со него го гледаме и радиоводителот Виктор Петров Викса, кој на интересен и забавен начин ќе им помага на натпреварувачите да се искачат што повисоко по скалилата на знаење за да стигнат до седмото небо. Преку овој забавен квиз на знаење, Државна лотарија ги отвора портите на богатата ризница податоци за својот историјат, деловните успеси и игрите на среќа. Сите учесници покрај дружењето со Марјана, Дејан Лилиќ и Викса, добиваат вредни награди како рачен часовник, украсен шах, велосипед или модерен безжичен звучник со врвен квалитет.
Квизот ќе се емитува во рамките на истоимената емисија „Седмо небо” со водителката Марјана Станојковска.
Очекувајте динамични моменти надополнети со многу насмевки и среќа, кои ќе го потврдат нашиот корпоративен слоган – Среќата е насекаде!
Ова уникатно квиз патување до седмото небо наскоро започнува – не го пропуштајте!