„КАЛИНКА” ДОНЕСЕ 70 000 ДЕНАРИ ЗА ЈОВАН ОД ОХРИД

02.05.2025.

„КАЛИНКА” ДОНЕСЕ 70 000 ДЕНАРИ ЗА ЈОВАН ОД ОХРИД

 

Јован Цветкоски (30) од Охрид, e првиот среќен добитник на 70 000 денари од новиот инстант лоз „Калинка”.

 Интересно е што ова е првиот лоз кој Јован го „гребнал” и е позитивно изненаден дека среќата веднаш му се насмевнала. 

Тој сподели со нас дека оваа добивка ќе ја потроши на ергенската вечер за неговиот пријател, кому Јован му е кум.

Денес Државна лотарија пред продажното место „Владија” во Охрид, одржа промоција за инстант лозот „Калинка” , а токму од таму Јован го купил лозот кој му ја донесе оваа добивка.

Јован вели дека секој треба да си ја проба среќата со инстант лотаријата на Државна лотарија, затоа што никогаш не се знае кога среќата ќе тропне на вашата врата.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: