ДИЈАМАНТ СО НОВА, ОСМА СЕРИЈА НИЗ СИТЕ ПРОДАЖНИ МЕСТА

08.04.2024.

Од денес, понеделник (8.4.2024год) на сите продажни места на Државна лотарија инстант лозот ДИЈАМАНТ повторно во продажба во својата осма серија.

ДИЈАМАНТ -от на Државна лотарија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 50 денари па се до 300.000 денари. Осмата серија носи и нов, променет дизајн како освежување на веќе еден од најбараните лозови, особено кога станува збор за инстант лозови кои се подаруваат за најразлични поводи. До сега ДИЈАМАНТОТ се покажа како инстант лоз кој најмногу се подарува за свадбите и венчавките во акцијата СРЕЌА ПЛУС- наместо цвеќе подари инстант лозови.

Во осмата серија овој инстант лоз доаѓа во 1.000.000 примероци и носи вкупно 323.830 добивки. Најголемата добивка од 300.000 денари е предвидена за 10 играчи , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 20 добивки од 100.000 денари, 20 добивки од 50.000 денари, 60 добивки од 15.000 денари итн. се до 260.000 добивки од по 50 денари. Цената на инстант лозот е иста - 50 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го пронајдете еден од добитните симболи како што се дијамантскиот прстен и дијамантот кои може да ве доведат до една од 323.830 добивки кои ги нуди овој лоз.

Играта е забавна со самото тоа што нуди дури 10 шанси , т.е. 10 игри во еден инстант лоз. Од многуте симболи само прстенот и Дијамантот се добитни симболи. Лозот е добитен доколку изгребете Прстен , но доколку изгребете ДИЈАМАНТ добивката се удвојува.

Играј, добиј, блесни од радост!

Пронајди го Дијамaнтот и удвој ја добивката!

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: