ПРВИТЕ УРБАН СТИЛ ДОБИТНИЦИ ГИ ДОБИЈА СВОИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ МОТОРИ

01.11.2023.

Најновиот еко инстант лоз на Државна лотарија - Урбан стил започна да го создава семејството на среќни добитници кои ќе возат електрични мотори и со тоа ја заштитуваат животната средина, а истовремено го негуваат и урбаниот начин на живот.

Со радост Ви ги претставуваме првите Урбан стил добитници:

Горан Ангеловски од Делчево, Живко Митревски од Кичево и Игорче Шулевски од Демир Хисар.

Имено, заедничка одлика на првите тројца добитници е упорноста. Ни раскажаа дека инстант лотаријата е забава за целото семејство. Секојдневно, со најблиските ја предизвикуваат среќата, а овојпат на трите исти симболи најмногу се израдувале најмладите.

Добитниците на премија електричен мотор ќе имаат безбеден и бесшумен превоз, нема да ја загадуваат околината, а своето превозно средство ќе го полнат со електрична енергија и тоа дома или каде било каде што го полнат и својот мобилен телефон.

Ве потсетуваме, лозот чини 50 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и здравјето на животната околина. Со оглед на популарната цена на лозот и големиот број премии, веруваме дека многу скоро семејството на среќни добитници Урбан стил, ќе се прошири.

 

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: