Еко Скутери во Скопје и Делчево

11.06.2020.

Виолета Несторовска од Скопје е денешна добитничка која не посети, многу среќна поради нејзината добивка Еко скутер. Таа купува редовно инстанти и уплаќа Лото 7. Овој пат од продажното место Толакс на Плоштадот во Скопје, купила 2 грепки за поклон за роденден една за нејзината ќерка и една за нејзиниот зет. Еден од внуците ја изгребал добитната и токму тој ќе го вози овој тротинет. Виолета практикува секогаш за родендени на блиски пријатели и семејството да подарува лозови од инстант лотаријата.

Матеја Атанасовска од Делчево денес не посети со нејзиното семејство, кои се редовни играчи на Лото 7 и инстанти. Од нашата акција „5+1“ што нуди можност по цена од 5 да изгребеш 6 инстант лоза ЕКО СКУТЕР, купиле еден пакет и таму бил Еко скутерот. Добитниот пакет го купиле од продажното место Скодел во Делчево. Таа ќе го вози овој скутер, но низ смеа раскажа дека повремено ќе и го позајмува на нејзината сестра.

 

euforijaSlika
euforijaSlika2

Детектиравме стара верзија на интернет пребарувач која не е поддржана.

Ве молиме да ја инсталирате последната верзија на интернет пребарувач: