28.11.2019.
Нашата најнова среќна приказна ни ја раскажа добитникот на 6ка од 62то коло Лото7 - Д.Н. од Кратово кој живее и работи во Скопје. Тој со насмевка ја почна приказната за својата 6ка, истакнувајќи дека меѓу бројчињата кои ги пополнил во својата добитна комбинација, уште 7ка му недостигала до 7ка,
Оваа интересна игра на зборови и бројки, резултираше со 6ка, која е сепак една од најголемите до сега освоени 6ки, без црвено топче. Нашиот добитник освои вредни 217.626,00 денари, но доколку во својата комбинација го пополнел и полето со број 7, ќе ја освоеше премијата вредна 7.000.000,00 денари.
Д.Н. своето добитно ливче го уплатил во сабота, на 23.ноември, на денот на извлекување на 62то коло, на продажното место Венера ТБ Весна, во скопската населбата Тафталиџе. Бројчињата за прв пат ги пополнувал, "како од ракав", без размислување и без при тоа да ја внесе редовната комбинација на свои броеви. Викендот заминал во родното Кратово и поради обврски не бил во можност да го следи телевизиското извлекување. Ги прегледал подоцна резултатите на веб страната loto.mk, видел дека има само една 6ка и многу 5ки, па се понадевал дека добил една од бројните 5ки. Но не ги проверил внимателно сите пополнети бројчиња во својата случајно избрана комбинација. На враќање во Скопје се упатил кон попатно најблиското продажно место во населбата Ченто - Илијана, со надеж дека ќе му ја исплатат 5ката која во тоа коло носеше околу 2.500 денари. Продавачот ја проверил потврдата за уплата, не му кажал за колкава добивка станува збор, само љубезно му рекол дека не може да ја исплати добивката и дека треба да се обрати на благајната во Државна лотарија. Иако со неверување, Д.Н. сепак сфатил дека тој е добитникот на единствената 6ка во тоа коло.
Денес во Државна Лотарија му ја потврдивме добивката и имавме задоволство да чуеме дека ова не ни е првата средба. Имено нашиот добитник како редовен играч на среќа започнал да учествува во нашите игри на среќа, од самиот почеток, па во 2011та освоил 100.000 денари на истант лозот Калинка - купен во Кратово.
Среќата ги наградува истрајните!