22.03.2026.
Освоена е 29. лото 7-ка во вредност од 78.522.512 денари
Месецот март е празничен за жените во светот, но посебен за нашата најнова лото милионерка, којашто вербата во среќата, на 4 март, ја награди со премија од играта на среќа Лото 7.
Добитничката имавме чест да ја запознаме во просториите на Државна лотарија, каде што ја сподели со нас среќната приказна којашто со радост ја пренесуваме, одржувајќи го ветувањето дека сите лични податоци ќе останат анонимни. Сепак, само ќе ви шепнеме дека е пензионерка којашто долги години верувала дека ќе добие лото и често комбинирала среќни броеви во не повеќе од три комбинации.
Еве што ни кажа нашата најнова лото милионерка: „Секој сонува за моментот кога неговиот живот ќе се промени преку ноќ, а јас сакам да ја споделам мојата приказна за тоа како овој сон стана реалност. Многумина го бараат ʽрецептотʼ или ритуалот за тоа како се станува милионер, но одговорот е едноставен: потребна е само силна верба во сопствената среќа.
Целата приказна започна во вторник навечер. Го зедов ливчето и во првата колона ги внесов нашите семејни среќни броеви – датумите на раѓање на моите деца и внуци. Додека ги запишував броевите, во себе тивко се помолив: Боже, помогни ми да ги погодам овие седум бројки“.
Следното утро, во среда, со голема надеж отидов да го уплатам ливчето. Кога дојде време за извлекувањето, ги следев бројките на екранот, но сè уште не ми се веруваше на сопствените очи. Утредента, во четвртокот, откако на продажното место ми беше потврдено дека тоа е добитното ливче, ми кажаа дека треба да заминам за Скопје, во Државна Лотарија. Сè се случуваше како во некој најубав сон.
Оваа добивка е благослов за целото семејство, а како дел од оваа среќна приказна, донесена е одлука дел од средствата да бидат донирани за дечиња без родители. Нашата среќа е уште поголема кога можеме да ја споделиме со оние на кои им е најпотребна“.
Нашата добитничка ни дојде заедно со внукот и снаата, а возбудата и среќата од средбата и кај тимот на Државна лотарија беше навистина голема. Ќе ни остане задоволството од тоа што усреќивме уште едно семејство коешто понатаму сака да усреќи други. При поздравување добивме и благодарност што ги потврдува нашите напори. „Ви благодарам што сте дел од оваа магија која носи насмевки и надеж“, ни рече нашата лото милионерка од Кавадарци - добитничката на оваа 29. по ред седумка на лото.
И додека сме во очекување на 7-ката со реден број 30, потсетуваме: Ова е 29. освоена седумка од почетокот на приредувањето на играта на среќа лото во 2010-та година. Досега, во Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Тетово и Охрид „падна“ по една седумка, по две во Кичево, Куманово и Кавадарци, пет во Битола и 12 во Скопје.
Добитното лото ливче за оваа 29. 7-ка е уплатено во Кавадарци, во продажното место „Браво Нутс“. Уплатени се вкупно три лото комбинации, а добитна е првата комбинација која се состои од броевите: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11. Во продажното место „Браво Нутс“ е уплатено и лото ливчето коешто ја донесе првата седумка во Кавадарци, во 2019 година, во вредност од 29.293.990 денари.
Првата лото седумка е освоена во Битола, на играта на среќа Ново Лото 7/34, во 2011 година, a најголемата лото премија досега е освоена во Охрид, во 2024 година, во вредност од 109.012.404 денари.
Фондот за добивка со седум погодоци изнесува 10.000.000 денари – премија гарантирана од Државна лотарија.
Во играта на среќа Лото 7 и Џокер може да се учествува и онлајн, преку официјална веб страница на Државна лотарија – loto.mk.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!