11.11.2025.
Среќен играч од Скопје освои добивка со 6 погодоци во вредност од 880.380 денари, во 88. коло на Лото 7. Уплатата е извршена во продажното место „ДИМЧЕВСКИ КОМ“ во Општина Ѓорче Петров.
Добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, но ни кажа дека редовно им дава шанса на своите среќни броеви на Лото 7, а понекогаш ја предизвикува среќата и со инстант лотаријата на Државна лотарија.
Оваа добивка е уште еден потсетник дека среќата е насекаде околу нас - верувајте во неа и можеби токму вие ќе бидете следниот среќен добитник.