ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА „МОЈДДВ #МОЈАНАГРАДА“

 

1. Назив и седиште на трговското друштво:

        Приредувач на наградната игра е Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост со седиште на  бул.„Гоце Делчев“ бр.8, п.ф.506, 1000 Скопје.

 

2. Цел на наградната игра:

Наградната игра ќе се приредува согласно Одлуката бр.45-7680/1 за приредување на наградната играМојДДВ #МојаНаградадонесена од Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 08.10.2019 година, со цел намалување на сивата економија преку промовирање на фискализацијата со издавање на фискални сметки.

 

 3. Име, опис и времетраење на наградната игра:

       Наградната игра „МојДДВ #MојаНаграда“ ќе се приредува во период од 15.12.2019 до 14.12.2020 година, преку мобилната апликација „МојДДВ“.

       Учесници во наградната игра се сите полнолетни физички лица државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани корисници на системот за е-персонален данок на Управата за јавни приходи. За учество во наградната игра, учесниците треба да се корисници на апликацијата „МојДДВ“ и да ги прифатат условите, односно правилата на наградната игра со внесување на личниот пин код од апликацијата „МојДДВ“ во полето за учество во наградната игра.  Со прифаќање на условите за учество во наградната игра секое лице ќе треба да изјави под материјална, морална и кривична одговорност дека е полнолетно лице во моментот на прифаќање на условите за учество во наградната игра и да даде изјава за согласност за користење на неговите лични податоци. Во наградната игра учествуваат сите фискални сметки кои ги исполнуваат условите од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност во моментот на секое извлекување на дневните извлекувања и во моментот на затварање на периодот за скенирање на сметките во секое коло. Секое полнолетно лице кое ги прифатило условите за учество во наградната игра, со поднесување на податоците од фискалната сметка по пат на скенирање на бар кодот од истата станува потенцијален добитник на некоја од наградите. Во наградната игра, едно лице може да учествува со неограничен број на скенирани фискални сметки независно од износот на кои гласат.

Во текот на наградната игра ќе има дневни награди (кои се доделуваат секој ден), награди кои ќе се доделуваат во дванаесет кола и две главни награди.

За секоја скенирана фискална сметка учесникот повратно добива сериски број со кој ќе учествува во извлекувањата на дневните награди, односно во извлекувањето на наградите во дванаесетте кола, како и во двете главни награди.

 

Секој сериски број припаѓа на соодветно коло, односно на едно од дванаесетте кола во кое е доделен.Со редниот број на колото во кој е добиен, серискиот број  ќе учествува во едно од дванаесетте извлекувања од колата и во извлекувањата на двете главни награди, односно за главните награди прво ќе се извлече реден број на коло и потоа ќе се извлече добитниот сериски број на главна награда од извлеченото коло.

Извлечените сериски броеви во дневните награди не учествуваат во извлекување на наградите во колото во кое е добиена дневната награда, како и во извлекувањето на двете главни награди. Извлечените сериски броеви во едно од дванаесетте извлекувања не може да учествуваат во извлекувањето на двете главни награди.

Сериските броеви кои учесникот ги добил за скенираните фискални сметки кои ќе учествуваат во извлекувањата на наградите во дванаесетте кола и во  двете главни награди ќе бидат прикажани на апликацијата „МојДДВ“ во делот на наградната игра. Наградите кои нема да бидат доделени поради неисполнување на условите од правилата на наградната игра од страна на учесниците, ќе бидат доделени во некои од наредните извлекувања кои ќе ги одреди приредувачот и за тоа ќе ги информира учесниците пред почетокот на извлекувањето. Само недоделените награди од последното, дванаесетто извлекување ќе се вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.

 

Дневни награди

По скенирање на фискалната сметка учесникот веднаш ќе знае дали е добитник на некоја од дневните награди, на начин што преку апликацијата „МојДДВ“ во делот на наградната игра, ќе добие известување за износот на наградата која ја добил. Еден учесник со само еден кориснички број на системот Е-ПДД во текот на еден ден може да добие една дневна награда.

Сите недобитни фискални сметки на дневни награди во текот на едно коло, учествуваат во извлекувањето за една од петнаесетте награди во тековното коло,  како и во извлекувањето за двете главни награди.

Извлекувањето на дневните награди ќе се врши по случаен избор, односно со електронски генератор (софтверски). Во извлекувањата на дневните награди учествуваат сите сериски броеви од тековниот ден, во периодот од 15.12.2019 година до 14.12.2020 година.

Во дневните извлекувања ќе се доделуваат по 10 награди секој ден и тоа:

-       четири награди во паричен износ од по 1.000 денари;

-       три награди во паричен износ од по 2.000 денари и

-       три награди во паричен износ од по 3.000 денари.

 

Награди кои ќе се доделуваат во дванаесет кола

Сериските броеви кои учесникот ги добил за скенираните фискални сметки и кои не се извлечени во дневните извлекувања ќе учествуваат во извлекувањето на наградите во дванаесетте извлекувања. Едно лице во дванаесетте извлекувања може да учествува со неограничен број на сериски броеви, односно со сите недобитни сериски броеви од дневните извлекувања во текот на колото. Извлечените сериски броеви во едно извлекување не учествуваат во извлекувањето на двете главни награди.

Извлекувања на наградите во дванаесетте кола ќе се врши јавно, со електронски генератор на случајни броеви или со механички уред за извлекување од вкупниот број на сериски броеви кои се валидни и недобитни во дневните извлекувања во колото за кое се врши извлекувањето. Вкупниот број на валидни и недобитни скенирани фискални сметки од секое од дванаесетте извлекувања во колото за кое се врши извлекувањето ќе биде јавно објавен пред почетокот на истото.

Во секое од дванаесетте извлекувања ќе се доделат по 15 награди во паричен износ од по 117.647,00 денари.

Извлекувањата ќе се вршат во дванаесет кола, кои ќе се реализираат на следниов начин:

·         Во првото извлекување на награди учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања, добиени за скенираните фискални сметки во период од 15.12.2019 година до 31.12.2019 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.01.2020 година.

·         Во второто извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања, добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.01.2020 година до 31.1.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.02.2020 година.

·         Во третото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.02.2020 година до 29.02.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.03.2020 година.

·         Во четвртото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.03.2020 година до 31.03.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.04.2020 година.

·         Во петтото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.04.2020 година до 30.04.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 06.05.2020 година.

·         Во шестото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.05.2020 година до 31.05.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 03.06.2020 година.

·         Во седмото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.06.2020 година до 30.06.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.07.2020 година.

·         Во осмото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.07.2020 година до 31.07.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.08.2020 година.

·         Во деветтото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.8.2020 година до 31.08.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.09.2020 година.

·         Во десеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.09.2020 година до 30.09.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 03.10.2020 година.

·         Во единаесеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.10.2020 година до 31.10.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.11.2020 година.

·         Во дванаесеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.11.2020 година до 14.12.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 19.12.2020 година.

Главни награди

Првата главна награда ќе се извлече на 18.03.2020 година во која ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од претходните четири кола (во период од 15.12.2019 до 15.03.2020 година), односно сериските броеви од првите три кола и сериските броеви од четвртото коло доделени во период од 01.03.2020 до 15.03.2020 година. За извлекувањето на првата главна награда, прво ќе се извлече редниот број на колото од првите четири кола (од 1 до 4), а потоа  ќе се извлече добитниот сериски број доделен за скенираната сметка во соодветното коло.

Втората главна награда ќе се извлече на 19.12.2020 година, веднаш по извлекувањето на наградите од дванаесеттото коло. Во извлекувањето на втората главна награда ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од сите кола добиени за скенираните фискални сметки во период од 15.12.2019 година до 14.12.2020 година. За извлекувањето на втората главна награда, прво ќе се извлече редниот број на колото од  дванаесетте кола (од 1 до 12), а потоа  ќе се извлече добитниот сериски број доделен за скенираната сметка во соодветното коло.

Двете главни награди се во паричен износ од по 3.529.412,00 денари. 

4. Извлекување на наградите во наградната игра

Извлекувањето на дневните награди ќе се врши по случаен избор односно со електронски генератор(софтверски) преку апликацијата „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи во Скопје. По секое скенирање на фискалната сметка учесникот ќе знае дали е добитник на некоја од дневните награди. Доколку некоја од наградите во дневните извлекувања не се извлече, наградите ќе бидат доделени во некои од наредните извлекувања кои ќе ги одреди приредувачот и за тоа ќе ги информира учесниците пред почетокот на извлекувањето.

Извлекувањата на наградите од дванаесетте кола и на двете главни награди ќе се врши јавно, со електронски генератор на случајни броеви или со механички уред за извлекување кои ќе ги формираат сериските броеви кои учесниците ги добиле за скенираните фискални сметки во колото за кое се врши извлекувањето на датумите определени во точката 3 од овие правила.

Извлекувањата ќе се вршат на национална телевизија во лото емисијата, ведднаш по завршување на извлекувањето на лото 7/37 и дополнителната игра џокер кои започнуваат во 20:00 часот. Доколку дојде до промена на времето и местото на извлекувањата, приредувачот по претходно добиена согласност од Министерството за финансии, за истите благовремено ќе ги запознае учесниците во наградната игра.

Контрола на извлекувањето на наградите ќе врши комисија составена од три члена и тројца заменици назначени од страна на приредувачот, кои ќе ја следат регуларноста на извлекувањата согласно правилникот за работа на комисијата.

 5.  Територија на која ќе се приредува наградната игра

Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија.

 

6. Податоци за наградите во наградната игра:

Наградниот фонд на наградната игра се состои од парични награди и тоа:

Во дневните извлекувања ќе се доделуваат по 10 награди секој ден и тоа:

-       четири награди во паричен износ од по 1.000 денари;

-       три награди во паричен износ од по 2.000 денари и

-       три  награди во паричен износ од по 3.000 денари.

Во дванаесетте кола ќе се доделувааат по 15 награди во паричен износ од по 117.647,00 денари.

Во наградната игра ќе се доделат две главни награди (прва и втора) во паричен износ од по 3.529.412,00 денари. 

Извлекувањето на првата главна награда ќе се изврши на 18.03.2020 година, а извлекувањето на втората главна награда ќе се изврши на 19.12.2020 година веднаш по извлекувањето на наградите дванаесетотто коло.

Во наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

 

Поединечна вредност на наградите

(во денари)

Количина

Вкупна вредност

на наградите

(во денари)

Дневна награда

1.000

1.464

1.464.000

Дневна награда

2.000

1.098

2.196.000

Дневна награда

3.000

1.098

3.294.000

Награди кои ќе се доделат

во дванаесет кола

117.647

180

21.176.460

Главни награди

3.529.412

2

7.058.824

                                           Вкупно

3.842

35.189.284

 

Вкупниот фонд на наградите изнесува 35.189.284,00 денари.

Данокот на доход паѓа на товар на учесникот кој ја остварил наградата.

Кај наградите кои подлежат на оданочување, приредувачот на учеснокот кој ја остварил наградата ќе му го исплати изноост на истата намален за износот на данокот на доход кој во име на учесникот, приредувачот ќе го уплати во законски утврдениот рок.

 

7. Услови за учество во наградната игра

Учесници во наградната игра се сите полнолетни физички лица државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани корисници на системот за е-персонален данок на Управата за јавни приходи. За учество во наградната игра, учесниците треба да се корисници на апликацијата „МојДДВ“ и да ги прифатат условите, односно правилата на наградната игра со внесување на личниот пин код од апликацијата „МојДДВ“ во полето за учество во наградната игра. Со прифаќање на условите за учество во наградната игра секое лице ќе треба да изјави под материјална, морална и кривична одговорност дека е полнолетно лице во моментот на прифаќање на условите за учество во наградната игра и да даде изјава за согласност за користење на неговите лични податоци.

Секој учесник со прифаќањето на условите за учество на наградната игра се согласува неговите лични податоци да се користат за потребите на наградната игра и да бидат јавно објавени во случај на добивање на некоја од наградите.

Приредувачот нема обврска да ги исплати наградите на учесниците кои не ги исполнуваат условите утврдени во оваа наградна игра.

Бројот и износот на скенирани фискални сметки за учество во играта не е ограничен.

 

8. Приредување на наградната игра

Извлекувањето на дневните награди ќе се врши по случаен избор (софтверски) односно со електронски генератор на случајни броеви. Во извлекувањата на дневните награди учествуваат сите скенирани сметки во тековниот ден започнувајќи од 15.12.2019 година до  14.12.2020 година (од 00:00:01 часот до 24:00:00 часот).

Извлекувањата на другите награди ќе се изврши во дванаесет извлекувања, јавно, по случаен избор (софтверски) односно со електронски генератор на случајни броеви или со уред за извлекување, кои ќе се реализираат на следниот начин:

·         Во првото извлекување на награди учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања, добиени за скенираните фискални сметки во период од 15.12.2019 година до 31.12.2019 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.01.2020 година.

·         Во второто извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања, добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.01.2020 година до 31.1.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.02.2020 година.

·         Во третото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.02.2020 година до 29.02.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.03.2020 година.

·         Во четвртото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.03.2020 година до 31.03.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.04.2020 година.

·         Во петтото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.04.2020 година до 30.04.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 06.05.2020 година.

·         Во шестото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.05.2020 година до 31.05.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 03.06.2020 година.

·         Во седмото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.06.2020 година до 30.06.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.07.2020 година.

·         Во осмото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.07.2020 година до 31.07.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.08.2020 година.

·         Во деветтото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.8.2020 година до 31.08.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 05.09.2020 година.

·         Во десеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.09.2020 година до 30.09.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 03.10.2020 година.

·         Во единаесеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.10.2020 година до 31.10.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 04.11.2020 година.

·         Во дванаесеттото извлекување на награди ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од дневните извлекувања добиени за скенираните фискални сметки во период од 01.11.2020 година до 14.12.2020 година до 24:00:00 часот. Извлекувањето ќе се изврши на ден 19.12.2020 година.

Првата главна награда ќе се извлече на 18.03.2020 година во која ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од претходните четири кола (сериските броеви од првите три кола и сериските броеви од четвртото коло доделени во период од 01.03.2020 до 15.03.2020 година). За извлекувањето на првата главна награда, прво ќе се извлече редниот број на колото од првите четири кола ( од 1 до 4), а потоа  ќе се извлече добитниот сериски број доделен за скенираната сметка во соодветното коло.

Втората главна награда ќе се извлече на 19.12.2020 година, веднаш по извлекувањето на наградите од дванаесеттото коло. Во извлекувањето на втората главна награда ќе учествуваат сите валидни и недобитни сериски броеви од сите кола добиени за скенираните фискални сметки во период од 15.12.2019 година до 14.12.2020 година. За извлекувањето на втората главна награда, прво ќе се извлече редниот број на колото  од  дванаесетте кола (од 1 до 12), а потоа  ќе се извлече добитниот сериски број доделен за скенираната сметка во соодветното коло.

9.  Начин на запознавање на учесниците во наградната игра со правилата на играта

Правилата на наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“ ќе бидат објавени на веб страната на Државна лотарија www.loto.mk/MojaNagrada. Лицата за наградната игра ќе може да се информираат и преку печатените и електронските медиуми.

10.  Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите

Добитниците на дневните награди, наградите од дванаесетте извлекување и главните награди ќе бидат објавени во рок од три дена од секое извлекување на веб страната на Државна лотарија  www.loto.mk/MojaNagrada, при што за добитниците ќе се објават нивното име, презиме и адреса на живеење.

Податоците за добитниците ќе бидат објавени во период не подолг од 3 дена од секое извлекување, по што истите ќе бидат уништени согласно со прописите за заштита на личните податоци.    

11. Доделување на награди и рок на исплата, односно остварување на добивката

Паричните награди на добитниците ќе им бидат исплатени на трансакциската сметка во рок не подолг од 30 дена од денот на секое објавување на добитниците, при што добитниците кои добиле награда која подлежи на оданочување ќе треба да приложат документ за лична идентификација во просториите на Државна лотарија, заради утврдување на исполнувањето на условите од наградната игра.

12.  Рекламирање

Наградната игра ќе се рекламира на електронски медиуми (телевизија, интернет, радио) или печатени медиуми и други медиуми. Правилата на наградната игра „МојДДВ #MојаНаграда“ ќе бидат објавени на веб страната на Државна лотарија, пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии.

13.  Рок на право на приговор

Незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор до приредувачот во рок од 7 дена од денот на објавувањето на добитниците во наградната игра.

Приредувачот е должен во рок од седум дена од денот на прием на приговорот, да му достави одговор на учесникот кој поднел приговор.

 

 

14. Забрана за учество во наградната игра

Во наградната игра не смеат да учествуваат вработените на приредувачот на наградната игра и членовите на нивните потесни семејства.

 

 

 

                                                                                                                                               УПРАВЕН ОДБОР

                    Претседател,

    Катица Николовска - Прнаркова

 

 

Бр. 02 -

_________  2019 година